Библиотеката на Народната банка е специјализирана и нејзиниот библиотечен фонд постојано се збогатува со најнови и најквалитетни публикации објавени од најеминентните странски и домашни издавачи и публикации чиишто автори се најистакнати имиња во областа на економската наука.

Во моментов, библиотечниот фонд го сочинуваат над 5000 монографски публикации и тоа:

  • од областа на: централнобанкарското работење, макроекономијата и микроекономијата, монетарната и фискалната политика, банкарските системи и банкарското работење, финансиите, економетријата, банкарската супервизија и регулатива, статистиката, сметководството и ревизијата, менаџментот, маркетингот, претприемаштвото и сл.;
  • општи информативни дела (енциклопедии, лексикони, речници, библиографии, прирачници и сл.);
  • друга стручна литература и прирачници, (нумизматика, право, информатичка технологија, управување на човечките ресурси, јавни набавки, физичко и техничко обезбедување и др.).

Во библиотечниот фонд се вбројуваат и над 500 сериски публикации од областа на централното банкарство и економијата воопшто.

Библиотеката на Народната банка е единствена библиотека во државава чиј фонд редовно се збогатува со најнови публикации на централните банки на други држави и публикации на меѓународни институции и организации, како што се Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка, Банката за меѓународни порамнувања итн.

Библиотечниот фонд постојано се збогатува и со електронски публикации.

Во библиотеката, корисниците имаат можност за пристап до повеќе електронски бази на податоци, коишто се корисни за истражувања од областа на централнобанкарското работење и економијата воопшто.