Стратегија

Стратегискиот план на Народната банка за периодот 2025–2027 е поставен под мотото „Централна банка којашто придонесува за градење стабилна, одржлива и зелена економија“, со што воедно се утврдија главните области на коишто посветено ќе работи во следните три години.

Стратегискиот план на Народната банка на Република Северна Македонија се утврдува врз основа на визијата, мисијата и организациските вредности на Народната банка, во зависност од макроекономското окружување и клучните предизвици. Стратегискиот план претставува основа за подготовка на Програмата за работа, со кои се утврдуваат годишните програми за остварување на законските функции и стратегиските приоритети.

При изработката на Стратегискиот план се зеде предвид динамичното окружување, новите предизвици и можностите од трендовите на глобалната сцена. Покрај традиционалните надлежности во областите на спроведувањето на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, управувањето со девизните резерви, економските истражувања и статистиката, ефикасноста на платниот систем и управувањето со готовината, особен акцент е ставен на справувањето со трендовите коишто се развиваат и коишто ќе ги обликуваат овие законски функции во наредните години. Затоа, проактивно се утврдени пет стратегиски области. Сето ова е со цел да се овозможи поголем придонес за одржлив и инклузивен раст на македонската економија, поддржувајќи ја нејзината зелена и дигитална транзиција.

Стратегиски области

Остварувањето на својата визија и мисија во рамките на својот мандат и надлежности во наредниот тригодишен период ќе биде насочено преку следниве стратегиски области:

Стабилност и модерна централна банка

Стабилност и модерна

централна банка

Дигитална трансформација и нови вештини

Дигитална трансформација

и нови вештини

Транспарентност и вклученост за постојан успех

Транспарентност и вклученост

за постојан успех

Управување и отпорност во променливо окружување

Управување и отпорност

во променливо окружување

Зелена одржлива економија и свесност за климатските промени

Зелена одржлива
економија

и свесност за климатските промени