Платен систем е воспоставена инфраструктура за пренос на парични средства помеѓу учесниците, којашто е составена од институции, инструменти, правила, процедури и технички средства за безбеден пренос. Во современи услови, плаќањата вообичаено се извршуваат преку користење на банкарските депозити. За да се изврши плаќање, налогодавачот мора да издаде инструкција, вообичаено до банката каде што ги чува паричните средства коишто треба да се префрлат. Инструкцијата може да биде во хартиена форма или пак електронска инструкција со користење на современи технолошки решенија (платежна картичка, компјутер или мобилен уред). Понатаму, платежната инструкција се обработува и се порамнува вообичаено без учество на налогодавачот на инструкцијата. Оттука, иако платниот систем е суштински за обезбедување платни услуги на крајниот корисник, сепак, тој не е директен учесник во платниот систем и неговото плаќање се извршува индиректно преку ограничен број директни учесници во платниот систем.

1. Доставување на налог за плаќање до банка.
2. Доставување на налогот до платен систем за (а) мали плаќања или (б) големи или итни плаќања.
3. Клиринг на примените инструкции и доставување на нето-позициите до систем за порамнување.
4. Порамнување и доставување информации за (а) одобрување и (б) задолжување до банката на налогопримачот и налогодавачот.
5. (а) Одобрување и (б) задолжување на сметките на налогопримачот и налогодавачот.



Платни системи и системи за порамнување на хартии од вредност


Платни инструменти


Македонски Интербанкарски Платен Систем - МИПС

МИПС е систем за порамнување на плаќањата со големи вредности и итните плаќања во денари во реално време на бруто-основа (RTGS – Real Time Gross Settlement System). МИПС започна со работа во јули 2001 година.

повеќе...


Клириншки Интербанкарски Системи- КИБС

Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС) е оператор на систем за мултилатерално одложено нето порамнување за процесирање на мали плаќања.

повеќе...



Системи за порамнување на хартии од вредност

  • Централен депозитар на хартии од вредност
    Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје (ЦДХВ) е депозитар за хартии од вредност основан со дозвола од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.
  • Депозитар на благајнички записи
    Благајничките записи издадени од Народната банка се регистрираат во депозитар на благајнички записи кај Народната банка на денот на аукцијата на благајничките записи.  
  • Систем за вкрстување на пораки на пазари преку шалтер
    Системот за вкрстување на пораките на пазарите преку шалтер е електронски систем на Народната банка за вкрстување пораки за пренос на сопственост на хартии од вредност коишто се тргуваат на пазарите преку шалтер.