Библиотека и архив

Библиотеката и архивот на Народната банка се посветени на зачувување на институционалната меморија и развојот на економските процеси низ годините, но истовремено нудат можност за нови знаења. Библиотечниот фонд редовно се збогатува со актуелна стручна литература којашто ги следи современите економски трендови, овозможувајќи им на вработените постојан пристап до нови изданија.

Во согласност со принципите на транспарентност и општествена одговорност, ресурсите на Библиотеката и архивот се отворени и за јавноста. Овозможуваме пристап за сите надворешни истражувачи, студенти и граѓани, со мисија знаењето постојано да се чува, да се споделува и да се надградува.

Што содржат нашите фондови?

Библиотечен фонд: Располага со околу 7.000 монографски и 700 сериски публикации од областа на макроекономијата, монетарната политика, нумизматиката и други дисциплини [Пребарајте во COBISS];

Архивски фонд: Постојано се збогатува преку истражувања и соработка со поединци и институции со цел заштита и промоција на архивското наследство од банкарската и економската историја на овие простори [Каталог на фондот].