Целокупниот фонд на Архивот на Народната банка е дигитализиран архивски материјал со историско значење за централнобанкарското работење на територија на Република Северна Македонија: документи создадени во текот на работењето на Народната банка или други централнобанкарски институции кои во минатото делувале на територијата на Република Северна Македонија.

Почнувајќи од 2013 година, Архивот на Народната банка собира, обработува, чува и промовира архивски материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата на територија на Република Северна Македонија. Архивскиот материјал е дигитализиран и се чува и се користи преку софтверска апликација. Документите може дирекно да се пребаруваат или да се користат информативните средства како описни листи, содржински евиденции и каталог.

Архивот на Народната банка постојано врши истражувања и соработува со правни и физички лица иматели на архивски материјал со цел збогатување на фондот, заштита, чување и користење на архивскиот материјал.