Значајни учесници во МИПС се банките во Република Македонија коишто се предмет на супервизија од страна на НБРМ. Исто така, во согласност со законската регулатива учесници во МИПС се: НБРМ, клириншките системи, трезорскиот систем, брокерските друштва и останати институции коишто имаат потпишано соодветен договор со НБРМ.
Комплетниот список на учесници во МИПС може да го преземете во ексел-форматот на „Мајкрософт“ (Мicrosoft Excel формат).
За учество во МИПС, потенцијалниот учесник треба да достави Барање за учество во МИПС. Доколку по обработка на барањето од страна на НБРМ се утврди дека се исполнети сите услови за учество, се потпишува Договор за учество во МИПС со новиот учесник. Со потпишување на Договорот, учесникот се обврзува да ги почитува Правилата за работа на МИПС.
Учесникот отвора сметка во МИПС со поднесување Барање за отворање сметка, со кое ја приложува потребната документација наведена во Одлуката за општите услови за отворање и затворање сметки во Народната банка на Република Македонија и Пријава на овластени потписници. Доколку се исполнети потребните услови се склучува Договор за отворање трансакциска сметка на учесникот во НБРМ.
Учесникот може да ја затвори сметката во НБРМ во согласност со Одлуката за општите услови за отворање и затворање сметки во Народната банка на Република Македонија со поднесување на Барање за затворање сметка.
Комплетниот список на сметки во МИПС може да го преземете во ексел-форматот на „Мајкрософт“ (Microsoft Excel формат) .
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}