ПРАВИЛА ЗА РАБОТА НА МИПС
Правилата за работа на МИПС овозможуваат ефикасно комуницирање помеѓу учесниците и МИПС, како и помеѓу самите учесници. Учесникот избира еден од начините за пренесување на пораките во МИПС:
Учесникот, во комуникација со МИПС, користи пораки со дефиниран формат согласно со Стандардот за намената и форматот на пораките во МИПС.
Овие правила се достапни јавно на интернет-страницата на НБРМ, а сите нивни измени се најавуваат најмалку 15 дена однапред. По исклучок, НБРМ може да воведе и промена во пократок рок, ако сите учесници се согласат со промената.
Терминскиот план согласно кој работи МИПС е дефиниран во одредбите од Правилата за работа на МИПС и прилозите од истите.