Ажурирање на интернет-страницата

Интернет-страницата на Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) континуирано се ажурира, со цел обезбедување точни и ажурни податоци и информации. Народната банка го задржува правото во секое време да ги промени (дополни, ревидира и сл.) податоците и информациите, во целост или делумно. 

Авторско право

Авторското право на интернет-страницата www.nbrm.mk и на нејзината содржина и припаѓа на НБРСМ (освен ако не е поинаку назначено). Копирање на содржини од интернет-страницата на Народната банка е дозволено, под услов да се наведе НБРСМ како извор. Менување на содржината на материјалите објавени на интернет-страницата на Народната банка не е дозволено.

Одговорност

Народната банка не сноси одговорност за каква било загуба или штета која може да настане поради употреба на податоци и информации објавени на интернет-страницата на Народната банка.