на Советот на Народна банка на Република Македонија донесени на X седница, одржана на 29.12.2004 година
ЗАКЛУЧОЦИ
на Советот на Народна банка на Република Македонија донесени на X седница, одржана на 29.12.2004 година
1. Советот на Банката го разгледа и усвои Записникот од IX седница на Советот на Народна банка на Република Македонија и Записникот од 10.12.2004 година.
2. Советот на Банката ги разгледа и донесе Финансискиот план на Народна банка на Република Македонија за 2005 година и Одлуката за усвојување на Финансискиот план на Народна банка на Република Македонија за 2005 година.
Притоа, Советот на Банката констатира дека во Финансискиот план на Народна банка за 2005 година вкупните приходи се планирани на износ од 1.299 милиони денари и ќе се остваруваат врз три глобални основи: приходи од монетарни активности, приходи од оперативно работење, приходи по други основи. Вкупните трошоци во 2005 година се планирани во износ од 1.299 милиони денари и ќе се остваруваат врз три глобални основи: трошоци поврзани со остварување на монетарни операции, трошоци од оперативно работење и трошоци по други основи. Основна причина за зголемување на вкупно планираните трошоци преставуваат трошоците поврзани со реализација на монетарната политика односно планираниот обем на издадени благајнички записи. Во насока на зголемување на контролата на трошењето и намалување на трошоците, без притоа да се наруши нормалното и квалитетно извршување на сите функции, Народна банка донесе повеќе мерки и одлуки во насока на рационализација на оперативните трошоци. Народна банка и понатаму континуирано ќе ја следи и анализира висината на секоја ставка од финансискиот план се со цел максимална рационализација на трошоците. Имајќи го во предвид ниското ниво на каматните стапки на меѓународните финансиски пазари како и фактот дека макроекономската програма за 2005 година ќе доведе до значително зголемување на обемот на продадените благајнички записи на Народна банка и трошоците поврзани со нив, се очекува дека приходите и расходите во Финансискиот план за 2005 година ќе бидат скоро избалансирани.
3. Советот на Банката ги разгледа и донесе Планот за инвестиции во основни средства на Народна банка на Република Македонија за 2005 година и Одлуката за усвојување на Планот за инвестиции во основни средства на Народна банка на Република Македонија за 2005 година.
4. Советот на Банката ги разгледа и донесе Планот за набавки на Народна банка на Република Македонија за 2005 година и Одлуката за усвојување на Планот за набавки на Народна банка на Република Македонија за 2005 година.
5. Советот на Банката ја разгледа и донесе Одлуката за единствената тарифа на надоместоци за услуги што ги врши Народна банка на Република Македонија.
Притоа, Советот на Банката констатира дека потребата од донесување на предложената Одлука произлегува од повеќе причини:
1. По повеќегодишно изменување и дополнување на првобитната структура на Одлуката за единствената тарифа по која се наплатуваат надоместоците за услугите што ги врши Народна банка на Република Македонија Одлуката за единствена тарифа е значително изменета и неконзистентна во новонастанатите услови;
2. Одлуката содржи значителен број на одредби, тарифни броеви и цени на надоместоци кои веќе не постојат или Народна банка не ги врши;
3. Тарифата во Одлуката нецелосно или на неистоветен начин ги опфаќа услугите што ги врши Народна банка;
4 Тарифата од Одлуката во поголем дел несоодветно го валоризира надоместокот на услугите што ги врши Народна банка.
Покрај, унифицирање на изгледот и содржината, елиминирањето на одредби кои се повикуваат на регулатива која веќе не постои, елиминирањето на надоместоци за услуги кои Народна банка одамна не ги врши, поважни новини во предложената Одлука се следните:
1. Надоместокот за продавање ефективни странски средства за плаќање на органи на државна власт и органи на државна управа е зголемен од 0,2% на 2%. Ова од причина што држењето резерви на ефективни странски пари ангажира ресурси и претставува некаматоносно средство,
2. Надоместокот за испраќање меници во странство е променет од 5.000 денари по испратена меница на 5.000 денари по пратка (која може да содржи повеќе меници),
3. Надоместокот за обработка на документи за издавање акредитви и гаранции е фиксиран на 5.000 денари, наместо досегашните 0,3% со можност да достигне 100.000 денари,
4. Надоместокот за разгледување барања за издавање дозволи за основање банка е зголемен од 100.000 денари на 150.000,00 денари. Ова пред сe поради усогласување со стварните трошоци на Народна банка поврзани со оваа активност. Од истата причина предложено е зголемување на надоместокот за издавање и на другите видови согласности, решенија, одобренија или дозволи,
5. Воведени се надоместоци за издавање одобренија поврзани со општи девизни работи (одобрение за наплата и плаќање во странство со ефетивни странски пари, одобрение за отворање сметка во странство од страна на небанкарски институции и сл.),
6. Воведен е надоместок од 0,004% на долговен промет остварен од сметка на носител на платен промет во МИПСОТ со МТ103 или МТ202 и 0,032% за долговен промет остварен од сметка на носител на платен промет
6. Советот на Банката ги верифицира следните одлуки:
- Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителна резерва на банките во денари;
- Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителна резерва на банките во девизи.
Согласно член 37 од Деловникот за работа на Советот на Народна банка на Република Македонија, на 10.12.2004 година по скратена постапка беа донесени горенаведените одлуки.
Бидејќи измените кај инструментот задолжителна резерва, во денари и девизи, имаат ефекти на деловните политики на банките, Советот на НБРМ ги донесе наведените Одлуки еден месец пред нивното реално ефектуирање како би им се овозможило на банките да ги прилагодат своите деловни политики на донесените измени кај овој инструмент.
Притоа, со Одлука за изменување на Одлуката за задолжителна резерва на банките во денари е направено зголемување на стапката за задолжителна резерва за 2,5 процентни поени, од 7,5% на 10%. Зголемувањето на стапката за задолжителна резерва во денари е направено имајќи го предвид структурниот карактер на вишокот на ликвидност во банкарскиот систем пришто неговата стерилизација со благајничките записи е несоодветна бидејќи е на краток рок.
Со Одлуката за изменување на Одлуката за задолжителна резерва на банките во девизи беа направени две измени: зголемувањето на стапката за задолжителна резерва за 2,5 процентни поени, од 7,5% на 10%, и укинување на надоместот на издвоена задолжителна резерва во девизи. Зголемувањето на стапката за задолжителна резерва во девизи е направено со цел спречување на ликвидносниот и солвентниот ризик кај банките, во услови на отпочнат процес на зголемено кредитирање во девизи (или одобрување на кредити со девизно покритие, односно кредити со девизна клаузула), како мерка за ограничување на кредитната активност во девизи. Укинувањето на надоместот на задолжителна резерва во девизи се очекува да има ефект на дестимулирање на работењето со девизи од страна на банките и нивно насочување кон конверзија на девизната во денарска ликвидност.
Согласно член 65 од Законот за Народна банка на Република Македонија Македонија, наведените Одлуки се објавени во “Службен весник на Република Македонија” бр. 89/04.
7. Советот на Банката го разгледа и прифати текстот на Одлуката за продажба на пригодни ковани пари.
Гувернер
и претседател
на Советот на Народна банка на
Република Македонија
м-р Петар Гошев с.р.