VI - седница, на 29 мај 2014 година
1. Усвојување на Записникот од V седница на Советот на Народната банка на Република Македонија;
2. Стратегиски план на Народната банка на Република Македонија за периодот 2015-2017 година;
3. Програма на истражувачката активност во периодот 2015-2017 година;
4. Основни политики за изменување и дополнување на основните политики за сметководствено евидентирање и финансиско известување на Народната банка на Република Македонија;
5. Одлука за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти;
6. Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите за отворање и водење на сметки на нерезиденти;
7. Правилник за изменување на Правилникот за начинот и роковите за вршење попис на средствата и обврските и за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на Народната банка;
8. Разно.
Гувернер
и претседавач
на Советот на Народната банка на
Република Македонија
Димитар Богов с.р.