Народна банка на Република Македонија може да учествува во договарањето и преговарањето во поглед на надворешниот долг на државата. Освен тоа, Народна банка на Република Македонија може исто така да договара странски финансиски кредити за ликвидносни цели. Врз база на податоците за регистрираните странски кредити, Народна банка на Република Македонија подготвува извештаи за:
УПРАВУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ
Народна банка на Република Северна Македонија може да учествува во договарањето и преговарањето во поглед на надворешниот долг на државата. Освен тоа, Народната банка може исто така да договара странски финансиски кредити за ликвидносни цели. Врз база на податоците за регистрираните странски кредити, Народната банка подготвува извештаи за:
- Вкупниот надворешен долг на државата по кредитори, видови и намени на странските кредити, и
Повлекувања на средства, отплати и планови за идните долгови кои доспеваат.
Во периодот по осамостојувањето, беше постигнат значителен напредок во односите со странските кредитори, и Република Северна Македонија успеа да го репрограмира наследениот надворешен долг од СФР Југославија. Така, беа потпишани договори за репрограмирање со Парискиот клуб на кредитори (на 17 јули 1995) и со Лондонскиот клуб на кредитори (на 26 март 1997).
- Долгот кон Парискиот клуб на кредитори беше репрограмиран под многу поволни услови: за долгот од пред датата на пресек - главница и камата (освен задоцнетата камата) од 30 јуни 1995 година кои доспеваат во периодот на консолидација (1 јули 1995 - 30 јуни 1996 година) - беа репрограмирани со период за отплата од 15,5 години со 4 години грејс период. Тоа ќе се изврши во 24 полугодишни рати од кои првата ќе биде платена на 31 јули 1999 а последната на 31 јануари 2011. Првите шест отплати се зголемуваат, а следните се исти. Задоцнетата камата на овие долгови и заостанатите исплати на долговите од после датата на пресек од 30 јуни 1995 година ќе бидат исплатени во 8 подеднакви полугодишни рати, при што првата исплата ќе биде на 31 јули 1998, а последната на 31 јануари 2002 година.
Според договорот со Лондонскиот клуб на кредитори Република Северна Македонија прифати 5,4% од долгот (главница) на поранешна СФРЈ и 3,65% од неисплатените камати и задоцнетите исплати на камати. На 26 март 1997 година долгот беше заменет за обврзници издадени од страна на Република Северна Македонија со рок на доспевање од 15 години со 4 години грејс период. Каматната стапка е ЛИБОР + 13/16. Обврзниците ќе бидат амортизирани на 22 полугодишни рати. Полугодишните исплати на камата ќе започнат од 1 јануари 1998 година. Првите четири исплати на камати ќе изнесуваат 3,5% а следните четири исплати на камати 3,75%. Разликата до вистинската каматна стапка ќе биде капитализирана.
Република Северна Македонија има пристап до меѓународните финансиски пазари, но сеуште не позајмува од нив. Основна причина за тоа е фактот што Република Северна Македонија сеуште може да користи ИДА кредити (кредити од Меѓународната агенција за развој при Светската банка) под многу поповолни услови во споредба со кредитите од меѓународните финансиски пазари. Се додека Република Северна Македонија може да користи ИДА кредити, таа нема да има потреба од позајмување од меѓународните финансиски пазари.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}