ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Транспарентноста на Народната банка се обезбедува со следниве одредби и активности предвидени со Законот за Народната банка на Република Македонија:
- Именување, избор, престанок на мандатот, оставка и разрешување на членовите на Советот на Народната банка (член 49, 50, 51, 52 и 53);
- Периодични обраќања на гувернерот на Народната банка пред Собранието на Република Македонија или неговите комисии, во врска со прашања од монетарната политика и финансискиот систем и состојбата на економијата (член 40 став 2);
- Редовно објавување на финансиските извештаи (член 61);
- Редовно информирање (најмалку двапати годишно) на Собранието на Република Македонија и јавноста за монетарната политика, за остварувањето на нејзините цели и нејзините ставови за реалните варијабли во економијата (член 62 став 1);
- Годишно поднесување до Собранието на Република Македонија и до министерот за финансии и објавување еден или повеќе извештаи одобрени од Советот на Народната банка во врска со состојбите во економијата за време на финансиската година, како и за перспективите за економијата за следната година, со посебен осврт кон целите на политиките на Народната банка и состојбата на банкарскиот систем на Република Македонија (член 62 став 2);
- Квартално објавување извештаи за монетарната политика на нејзината интернет-страница и/или на друг начин утврден од страна на гувернерот на Народната банка (член 62 став 3);
- Објавување извештај за финансиската стабилност за претходната година на нејзината интернет-страница и/или на друг начин утврден од страна на гувернерот на Народната банка (член 62 став 4);
- Јавно објавување на целите на монетарната политика (член 6);
- Задолжително објавување на Одлуките на Советот на Народната банка во „Службен весник на Република Македонија“ (член 69 став 1);
- Обезбедување достапност на статистички податоци и информации (член 37).
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}