Скопје, 12.04.2010 година
ТелеграмаПо повод авионската несреќа во која загинаа претседателот на Полска, неговата сопруга и други официјални лица, меѓу кои и гувернерот на Народната банка на Полска, гувернерот на Народната банка на Република Македонија до Раководството на Народната банка на Полска испрати телеграма со следнава содржина:
Со голема жалост ја примив веста за трагичната смрт на претседателот на Полска, Лех Качински, неговата сопруга и другите официјални лица, кои беа во авионот во моментот на несреќата. Гувернерот на Народната банка на Полска, мој колега и пријател, Славомир Станислав Скжипек, е помеѓу загинатите.
Оваа голема трагедија претставува огромна и ненадоместлива загуба за полскиот народ.
Во овој тежок миг, од името на сите вработени во Народната банка на Република Македонија и од мое лично име, изразувам длабоко сочувство кон вработените во Народната банка на Полска и кон семејството на мојот пријател Славомир. Тагуваме со вас.
м-р Петар Гошев
Гувернер на Народната банка на Република Македонија
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}