МОНЕТАРНА СТАТИСТИКА И СТАТИСТИКА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
МОНЕТАРНА СТАТИСТИКА
Народната банка изготвува и објавува податоци за монетарната статистика и статистиката на каматните стапки. Во рамки на монетарната статистика, податоците се изготвуваат и се објавуваат со месечна и/или квартална периодичност. Со месечна периодика се изготвуваат и се објавуваат билансите и прегледите на депозитните институции (НБРМ, банки и штедилници), како и податоците за паричната маса и нејзините компоненти. Врз основа на податоците од билансите и прегледите на депозитните институции се изработуваат и останатите монетарни извештаи: депозити и кредити кај останатите депозитни институции (банки и штедилници) и кредити на останатите депозитни институции дадени на домаќинствата. До 2009 година, податоците се изработуваа во согласност со стариот сметковен план на банките. Почнувајќи од јануари 2009 година, податоците се изработуваат согласно со новопропишаниот сметковен план.
Со квартална периодичност, покрај билансите и прегледите на депозитните институции, се изготвуваат и се објавуваат и вкупниот биланс и прегледот на останатите финансиски институции и пооделните биланси и прегледи на инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните компании, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, како и прегледот на финансиските институции.
Податоците се искажани во домашна валутa (во милиони денари).
СТАТИСТИКА НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
Во рамките на статистиката на каматните стапки се изготвуваат агрегирани прегледи на пондерираните каматни стапки на останатите депозитни институции за примените депозити и дадените кредити. Се изготвуваат и се објавуваат податоци за денарските и девизните депозити/кредити за секторите: нефинансиски институции (јавни и останати) и домаќинства (физички лица, самостојни вршители на дејност со личен труд и непрофитни институции кои им служат на домаќинствата). Денарските депозити/кредити ги опфаќаат денарските депозити/кредити со и без валутна клаузула. Пондерираните каматни стапки се објавуваат за: вкупните примени депозити и дадени кредити; новопримените депозити и новоодобрените кредити; и прекуноќните депозити, обновливите кредити (револвинг), негативните салда на тековните сметки и кредитите врз основа на кредитни картички.
Се објавуваат податоци за вкупните примени депозити и дадени кредити, поодделно за банките, штедилниците и по групи банки.
Исто така, се објавуваат и активните и пасивните каматни стапки на НБРМ.
Податоците се искажани во проценти, на годишно ниво.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}