Скопје, 23.02.2011 година
Состојба на записи за шестмесечен депозит кај Народната банка на Република Македонија
Вкупниот износ на пласирани средства во записи за шестмесечен депозит кај Народната банка на Република Македонија со последна состојба, од 23.02.2011 година, изнесува 1.070 милиони денари.
Во февруари 2011 година, Народната банка воведе уште еден инструмент за управување со ликвидносниот ризик кај банките - запис за шестмесечен депозит. Средствата се пласираат кај Народната банка еднаш неделно, во среда, по каматна стапка којашто се утврдува во зависност од висината на каматните стапки за соодветната рочност на пазарите на пари во евро-зоната (шестмесечен ЕУРИБОР), зголемена за 0,5 процентни поени. Во случај на потреба од дополнителна ликвидност, новиот инструмент предвидува можност за предвремено повлекување на средствата од страна на банките, делумно или во целост. На тој начин, се овозможува висока ликвидност на орочените средства во записи за шестмесечен депозит кај Народната банка и флексибилност на банките при управувањето со сопствените средства, со едновремено остварување привлечен пазарен принос.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}