Скопје, 08.08.2012 година
Состојба на записите за шестмесечен депозит кај Народната банка на Република Македонија
На 08.08.2012 година Народната банка на Република Македонија ги објави условите за пласирање средства во записи за шестмесечен депозит по каматна стапка во висина од 1,153%, шестмесечен ЕУРИБОР (0,653%) зголемен за дополнителен фиксен процентен поен од 0,5.
Со последна состојба, банките немаат пласирани средства во овој инструмент.