Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) им помага на македонските домаќинства да се здобијат со повеќе информации за станбените кредити

Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ) им помага на македонските домаќинства да се здобијат со повеќе информации за станбените кредити
Франкфурт и Скопје, 2 ноември 2015 година - Фондот за развој на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ ДФ), во соработка со Народната банка на Република Македонија (НБРМ), изготви брошура за ризиците при земањето станбени кредити. Публикацијата ќе им помогне на кредитокорисниците да донесат здрави финансиски одлуки и да избегнат презадолжување.
Брошурата, којашто е насочена пред сѐ кон домаќинствата во Република Македонија, дава информации за ризиците - вклучувајќи го и валутниот ризик - коишто треба да се земат предвид пред земањето долгорочни кредити. Оваа брошура, којашто е достапна на македонски и на албански јазик, ги објаснува основните принципи на лесно разбирлив и директен начин. Брошурата ќе биде дистрибуирана преку локалните финансиски институции и ќе биде придружена со краток видеоспот. Верзиите на брошурата и на двата јазика се достапни на интернет-страницата на ЕФСЕ: www.efse.lu и на НБРМ: www.nbrm.mk.
„Одговорното финансирање претставува една од најважните теми на агендата на ЕФСЕ ДФ и подобрувањето на финансиската писменост кај локалните домаќинствата е важен дел од овој мозаик“, вели Маркус Ашендорф, претседател на ЕФСЕ ДФ. „По успешната работилница за финансиска писменост за новинарите, организирана во соработка со Народната банка во февруари 2015 година и работилницата за изготвување табела на остварувањата со Кредитното биро (ШУФА) во Германија во 2014 година, на којашто присуствуваа претставници од Народната банка, со задоволство ја прошируваме оваа плодна соработка.“
„Главната идеја на брошурата „Купување дом со станбен кредит“ е да се подигне нивото на финансиска писменост меѓу населението на Република Македонија. Брошурата претставува практичен водич којшто на идните сопственици на дом подетаљно ќе им ги објасни ризиците од долгорочното задолжување“, рече Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Република Македонија.
На следните врски можете да ги преземете брошурата „Купување дом со станбен кредит“ на македонски јазик и на албански јазик и видеото на македонски јазик.
За ЕФСЕ ДФ
ЕФСЕ ДФ е основан во 2006 година за поддршка на мандатот на ЕФСЕ за финансирање на развојот. Неговата мисија е да обезбеди ефективна, насочена и иновативна техничка помош со цел да се изврши максимално влијание и да се исполни обврската на Фондот за финансирање на развојот во целните земји. Услугите на ЕФСЕ ДФ за градење на капацитетите опфаќаат градење на капацитетите и обуки, поддршка на финансискиот сектор, како и применети истражувања со цел да се зајакнат внатрешните капацитети и функции на кредитните институции, партнери на Фондот.
ЕФСЕ ДФ функционира независно од Фондот, според доверителски аранжман во согласност со луксембуршкото право. Комитетот на ЕФСЕ ДФ, којшто се состои од членови од Банката за развој (КФВ), Швајцарската агенција за развој и соработка (СДК), Банката за развој на Австрија (ОЕЕБ) и Холандската компанија за финансирање, е одговорен за оценување и одобрување на сите проектни предлози и обезбедува стратешки насоки на ЕФСЕ ДФ.
За Европскиот фонд за Југоисточна Европа
Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) беше формиран од Банката за развој (КФВ), со финансиска поддршка од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) и Европската комисија. Тој има за цел да го поттикне економскиот развој и просперитет во Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Украина и Турција. Бидејќи пристапот до финансии е клучен фактор за успех во развивањето на сегментите на микро, малите и средните претпријатија, ЕФСЕ се фокусира на помагање на локалните финансиски сектори во зајакнувањето на нивната способност за обезбедување соодветно и одржливо финансирање. Долгорочното финансирање на ЕФСЕ, пред сѐ за микро и малите претпријатија (ММП), но исто така и за приватните домаќинства во форма на кредити за реновирање на домот, се канализира до клиентите преку локалните партнерски кредитни институции. Поддршката на инвестициските активности обезбедува техничка помош, консултантски услуги и обуки за развивање на оперативните капацитети и професионалното раководство на партнерските кредитни институции.
Формиран од Банката за развој (КФВ) на 15 декември 2005 година, од четири мултидонаторски програми, ЕФСЕ е првото јавно-приватно партнерство од овој вид и првиот приватно управуван фонд за финансирање на развојот, со цел максимално да го искористи приватното финансирање за ММП во целиот регион. Капиталот е обезбеден од донаторски агенции, меѓународни финансиски институции и приватни институционални инвеститори, вклучувајќи го Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија, Европската комисија, Владата на Албанија, Агенцијата за кредитна поддршка на мали и средни бизниси, Подружницата на Централната банка на Ерменија, Банката за развој на Австрија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Агенцијата за меѓународен развој на Данска, КФВ, Меѓународната финансиска корпорација, Холандската компанија за финансирање, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Сал. Опенхајм и Дојче банк.
Дирекцијата за управување со активата на Опенхајм, Луксембург, има улога на управител на Фондот на ЕФСЕ, а „Фајненс ин моушн“ ГмбХ, Германија, е советник на Фондот.
За повеќе информации во врска со Европскиот фонд за Југоисточна Европа, посетете ја интернет-страницата: http://www.efse.lu/.