На покана на Народната банка на Република Македонија беше остварена еднодневна посета на г. Аурел Шуберт, генерален директор на Директоратот за статистика во Европската централна банка
На 14 ноември 2016 година, на покана на Народната банка на Република Македонија беше остварена еднодневна посета на г. Аурел Шуберт, генерален директор на Директоратот за статистика во Европската централна банка.
Во рамки на посетата, г. Шуберт одржа предавање на тема „Предизвиците поврзани со растечката важност на централнобанкарските статистики за економските политики во посткризниот период“.
На предавањето присуствуваа претставници од банките и останатите финансиски институции (кои всушност се и известувачи на статистички податоци до Народната банка), претставници од стопанските комори, Државниот завод за статистика, академската заедница, како и вработени во Народната банка. Темата на предавањето наиде на интерес кај присутните, по што беше отворена и можност за прашања и дискусија.
д-р Аурел Шуберт го има поминато најголемиот дел од својот работен век во Централната банка на Австрија, на повеќе позиции, а кон средината на 2010 година е избран за генерален директор на Директоратот за статистика во Европската централна банка. Тој има објавено повеќе статии од областа на монетарната политика и историја, со особен интерес за централнобанкарската статистика низ призмата на европската економска интеграција. Во моментов, тој е претседавач на Статистичкиот комитет на Европскиот систем на централни банки и е член на Извршниот одбор на Комитетот за централнобанкарски статистики „Ирвинг Фишер“.
Кабинет на гувернерот

{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}