Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието, г-ѓа Весна Хорватовиќ, потпишаа Меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и други области во образованието

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и директорот на Бирото за развој на образованието, г-ѓа Весна Хорватовиќ, потпишаа Меморандум за соработка во областа на финансиската писменост и други области во образованието
Двете институции ќе ја остварат соработката во полето на финансиската едукација преку изготвување политики, спроведување истражувања и анализи, преземање заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и писменост, и размена на релевантна експертиза.
Институциите ќе вршат консултации за стратегиски прашања на национално и меѓународно ниво, ќе подготвуваат наставен и прирачен материјал за основните и средните училишта од областа на финансиската писменост и ќе организираат обуки и други едукативни активности со кои ќе бидат опфатени наставниците и учениците.
Со овој меморандум се очекува да се зацврсти соработката помеѓу двете институции во областа на финансиската едукација, со што ќе се придонесе кон зголемување на свеста кај учениците и кон јакнење на нивните финансиски знаења, а воедно ќе се придонесе и кон нивно идно полесно вклучување во современите текови на финансискиот систем.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}