Скопје, 31.10.2006 година
Соопштение на НБРМ
На 30 и 31 октомври 2006 година, гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г. Петар Гошев, учествуваше на Шестата меѓународна конференција во Тирана на тема "Регионални финансиски пазари и финансиска стабилност". На конференцијата присуствуваа гувернери и делегации од централните банки на земјите од регионот, претставници од меѓународни финансиски организации и комерцијални банки. Учесниците на конференцијата ја нагласија потребата за одржување на финансиска стабилност, како врвен приоритет во услови на зголемена либерализација и експанзија на финансиските пазари и финансиските текови. При доминација на банките во финансиските системи на земјите од регионот, перманентното јакнење на банкарската супервизија претставува еден од основните предуслови за финансиска стабилност. Во таа смисла беше укажана потребата од интер-регионална соработка со цел хармонизирање на развојот на финансискиот систем како акцелератор во процесот на регионална интеграција во Европската Унија.
На конференцијата гувернерот на Народна банка го презентираше развојот на финансискиот систем и финансиските пазари во Република Македонија, посочувајќи на низа механизми за унапредување на соработката меѓу централните банки во регионот.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}