Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата 92-ра седница, на која разгледа и усвои повеќе одлуки од девизната и монетарната сфера.
Скопје, 29.11.2001 година
Соопштение на НБРМ
Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата 92-ра седница, на која разгледа и усвои повеќе одлуки од девизната и монетарната сфера.
Најпрво, Советот на Народна банка на Република Македонија беше информиран за тековните движења во монетарната и девизната област, при што беше констатирано дека Народна банка на Република Македонија, во изминатите месеци од годинава успеа да ја задржи стабилноста на девизниот курс на денарот и покрај големите потреси во македонската економија, предизвикани од воените дејства во земјата. Тоа создава услови од одредено релаксирање на монетарната политика кое е веќе изразено преку намалување на каматните стапки. Притоа, беше истакнато дека се забележува почетен економски растеж во Република Македонија. Исто така, со задоволство беше констатирано дека Народна банка на Република Македонија во последно време повеќе откупува отколку што продава девизи на девизниот пазар и дека во последните неколку месеци е остварен забележителен пораст на девизните заштеди на граѓаните во банките.
Во пресрет на воведувањето на еврото во 12-те земји од Евро-зоната, Советот на НБРМ донесе две одлуки со кои се врши усогласување на прописите кои го регулираат купувањето и продавањето на девизи на девизниот пазар во Република Македонија, ја утврдуваат методологијата на формирање на курсот на денарот во однос на странските валути и ги појаснуваат роковите за реализација на терминските трансакции меѓу правните лица во Република Македонија.
Советот на Народна банка на Република Македонија беше информиран за активностите што ги прави Народна банка за воспоставување на нумизматичка збирка и организирање на постојана поставка на оригинални ретки примероци на монети од тлото на Република Македонија во рамките на Народна банка на Република Македонија и донесе соодветна одлука во таа насока.
На крајот, Советот на НБРМ и оддаде признание на Дирекцијата за платни системи при Народна банка на Република Македонија за успешното воведување на РТГС системот, како дел од реформите на платниот систем што се спроведуваат во Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}