Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 29.09.2005 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот донесе одлуки со кои се операционализира воведувањето на репо трансациите за водење на монетарната политика. Тие имаат неколку погодности, бидејќи обезбедуваат поголема флексибилност и сигурност за договорните страни, се реализираат во реално време и се без трошоци. Со овие одлуки се овозможува одобрување на кредит преку ноќ и кредит во текот на денот по пат на репо операции. За поефикасно планирање и управување со ликвидноста во банкарскиот систем направени се измени и кај термините на одржување на аукцијата на благајнички записи, при што проспектот за аукцијата на благајнички записи се објавува во истиот ден кога се одржува аукцијата.
Советот ги разгледа најновите макроекономски движења во Република Македонија и притоа констатираше дека во периодот јануари-август 2005 година е одржана ценовната стабилност, при што просечната стапка на инфлација (мерена преку трошоците на живот) изнесува 0,3%. Вкупниот депозитен потенцијал на банките во август 2005 година во однос на истиот месец од претходната година е повисок за 15,1%. Проширената депозитна база на банките детерминира натамошен раст на кредитната активност на банките. Така, кредитите на приватниот сектор на годишна основа (август 2005 година / август 2004 година) се зголемија за 22,3%. На крајот на август 2005 година во однос на 31.12.2004 година, бруто девизните резерви се повисоки за 105,9 милиони евра, главно како резултат на високиот нето-откуп на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Во периодот јануари-јуни 2005 година, дефицитот на тековната сметка на билансот за плаќања изнесува 89,3 милиони евра, што во однос на истиот период од 2004 година претставува значително намалување од 140,8 милиони евра, детерминирано од подобрувањето на сите главни компоненти на тековната сметка.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}