Денес, Советот на Народната банка на Република Македонија ја одржа својата десетта седница.
Скопје, 29.07.2010 година
Денес, Советот на Народната банка на Република Македонија ја одржа својата десетта седница.
Советот го разгледа Извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2009 година, при што беше констатирано дека финансиската стабилност во 2009 година беше одржана.
Стабилноста на финансискиот систем на Република Македонија во најголема мера зависи од стабилноста на банкарскиот систем како негов доминантен сегмент. Банкарскиот систем не беше директно погоден од светската економска криза, но негативните ефекти тој ги почувствува индиректно, преку домашниот реален сектор. Рецесиските тенденции во светската економија, како и забавувањето на домашниот раст негативно се одразија врз финансискиот капацитет на претпријатијата, нивната ликвидност и способност за редовно сервисирање на обврските. Ова доведе до зголемување на ризиците за финансиската стабилност коишто произлегуваат од корпоративниот сектор, доведувајќи до влошување на квалитетот на кредитните портфолија на банките и следствено на тоа, до влошување на нивната профитабилност. Макропрудентните мерки преземени од Народната банка создадоа предуслови што ќе им овозможат на банките да се справат со зголемените ризици коишто произлегоа од рецесиските движења во 2009 година, но и да го издржат можното бавно темпо на заздравување на економијата во текот на 2010 година.
Високата застапеност на валутната компонента во долгот на претпријатијата и населението ја издвојува стабилноста на девизниот курс на денарот како главен фактор за нивната способност за сервисирање на долгот, односно како главен столб на кој се темели целокупната финансиска стабилност на земјата.
Останатите сегменти од финансискиот систем имаат скромно влијание врз севкупната финансиска стабилност во Република Македонија, бидејќи во споредба со банките сѐ уште располагаат со скромен обем на средства.
Во претстојниот период, главните ризици за финансиската стабилност се поврзани со брзината на заздравувањето на нашите главни трговски партнери и состојбата на јавниот долг кај овие економии. Особено значење има можното прелевање на помалиот обрт и намалената ликвидност на домашните економски субјекти врз пазарот на труд, што може да предизвика натамошно зголемување на ризиците за банкарскиот систем. Имајќи ги предвид потенцијалните канали на прелевање на негативните ефекти меѓу одделните сегменти во македонската економија, вклучително и финансискиот систем во целина, како клучен предуслов за зачувување на финансиската стабилност е одржувањето на макроекономската стабилност.
Советот на Народната банка ја донесе и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за издавање дозвола и согласност за вршење на услуги на брз трансфер на пари и услови за склучување на договор помеѓу давател на услуга брз трансфер на пари и субагент, со што подзаконската регулатива се усогласи со Законот за вршење услуги брз трансфер на пари, како и Одлуката за начинот на воспоставување и примена на програмата на банка за спречување перење пари и финансирање тероризам, со што подзаконската регулатива се усогласи со Законот за спречување перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање тероризам.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}