Скопје, 29.05.2009 година
Соопштение на НБРМ
Во перидот од 26 до 28 мај 2009 година, во Минск, Белорусија се одржа 22-та годишна конференција на Групата на банкарски супервизори од Централна и Источна Европа (Group of Banking Supervisors from Central and Eastern Europe - BSCEE Group - BSCEE). Во изборот за домаќин на следната годишна конференција помеѓу Народната банка на Република Македонија и Супервизорскиот орган на Австрија (Austrian Financial Market Authority), убедливото мнозинство од земјите-членки на оваа група одлучија конференцијата во 2010 година да биде организирана од страна на Народната банка на Република Македонија. Воедно, тоа значи дека во текот на наредната година, Народната банка на Република Македонија, како претседавач, ќе ја претставува оваа група пред Базелскиот комитет и ќе ги координира сите активности во доменот на ова здружение.
Групата на банкарски супервизори од Централна и Источна Европа е регионално здружение коешто работи во рамките на Базелскиот комитет за банкарска супервизија. Основните цели на Групата се:
- Воспоставување и одржување блиски односи на соработка и комуникација меѓу банкарските супервизори од земјите од регионот;
- Јакнење на супервизорската пракса во земјите членки;
- Поттикнување и организирање обуки и истражувачки активности во доменот на банкарската супервизија;
- Размена на искуства и знаења во доменот на супервизорските политики, процедури и техники;
- Давање помош при интегрирањето во европскиот банкарски супервизорски систем и др.
Групата на банкарски супервизори од Централна и Источна Европа е основана во Будимпешта во 1991 година од страна на банкарските супевизорски органи на шест земји: Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Русија. Денес во групата членуваат супервизорските органи на 21 земја и тоа на: Албанија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.
Народната банка на Република Македонија е членка на оваа група од 1996 година. Во рамките на своето членство, Народната банка има активна улога во доменот на зајакнувањето на регионалната соработка во областа на банкарската супервизија и регулатива.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}