Скопје, 28.08.2001 година
Соопштение на НБРМ
Народна банка на Република Македонија ја известува јавноста дека со Решение на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, бр. 02-14/401-2001, од 14.08.2001 година, издадена е дозвола за основање и работење на ЕУРОСВИСС - Банка АД Скопје.
Потсетуваме дека со соопштение на Народна банка на Република Македонија од 26.07.2001 година, јавноста беше известена дека со решение на гувернерот бр. 02-14/151-2001 од 12.03.2001 година, беше издадена привремена дозвола за основање и работење на ЕУРОСВИСС - Банка АД Скопје. Во рокот пропишан во член 17 став 1 од Законот за банките, условите предвидени во горното решение беа исполнети а писмените докази доставени до Народна банка на Република Македонија. Врз основа на анализата на поднесената документација, согласно одредбите од член 17 став 2 од Законот за банките, гувернерот на Народна банка на Република Македонија оцени дека се исполнети условите за издавање на дозвола за основање и работење, содржани во привремента дозвола.
Народна банка на Република Македонија очекува дека со основањето и работењето и на оваа банка ќе се зголеми конкуренцијата во банкарскиот систем на Република Македонија и ќе се збогати понудата на банкарски услуги.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}