Скопје, 28.06.2001 година
Соопштение на НБРМ
На 28.06.2001 година, Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата LXXXIX седница, на која ја разгледа и усвои новата Проекција на монетарната политика за 2001 година и донесе неколку одлуки од доменот на монетарната, девизната и супервизорската сфера.
Проекцијата на монетарната политика за 2001 година претставува дел од редизајнираната макроекономска политика на земјата за втората половина на 2001 година, во согласност со последните преговори со мисијата на ММФ. Всушност, станува збор за ревидирање на основните претпоставки на кои базираше усвоената проекција на монетарната политика за 2001 година. Притоа, одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на германската марка, останува номинално сидро во економијата, кое ќе се брани со сите расположливи инструменти на макроекономската политика. Според ревидираната проекција на монетарната политика за 2001 година се предвидува пораст на кредитите на банките одобрени на недржавниот сектор од 6,8%.
Советот на НБРМ донесе одлука со која се зголемува есконтната стапка од 7,9% на 10,7% и одлука за намалување на износот кој овластените банки за вршење платен промет со странство и кредитни работи со странство можат да го држат на сметките во странство. Овие одлуки се во функција на стабилизирање на движењата на девизниот пазар и одржување на девизниот курс на денарот како номинално сидро во македонската економија.
Исто така, Советот на НБРМ разгледа и усвои неколку одлуки од супервизорската сфера, што всушност значат заокружување на основниот пакет на супервизорската регулатива и се во насока на усогласување со т.н. 25 Основни принципи за ефикасна банкарска супервизија и со регулативата на Европската Унија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}