Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење
Скопје, 28.02.2006 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народна банка на Република Македонија на денешната седница разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот на Народна Банка на Република Македонија ја разгледа и усвои Годишната сметка и Финансиските извештаи на Народна Банка за 2005 година, изготвени во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување. Во периодот март - април 2006 година овие финансиски извештаи ќе бидат предмет на ревизија од страна на надворешна ревизорска куќа. По извршената ревизија финансиските извештаи и ревизорскиот извештај ќе бидат објавени како составен дел на Годишниот извештај на Народна Банка на Република Македонија за 2005 година.
Советот беше информиран за посетата на Мисијата на Меѓународниот Монетарен фонд на Република Македонија во првата половина од февруари. Целта на мисијата беше оценка на досегашното спроведување на обврските од аранжманот и ревизија на макроекономската рамка за 2006 година. Притоа, макроекономските остварувања се оценети како успешни и констатирано е дека на крајот на 2005 година НБРМ ги оствари сите квантитативни таргети предвидени со аранжманот. Со мисијата на ММФ направена е ревизија на макроекономските проекции за 2006 година со која се предвидуваат стапки на пораст на депозитите кај банките и на кредитите на банките кон приватниот сектор од околу 20% и 23%, соодветно, и тие се повисоки во однос на иницијалната проекција. Ревидираната монетарна проекција треба да обезбеди предуслови за остварување на проектираниот реален раст на БДП во 2006 година од 4%.
Советот ги разгледа и усвои Месечната информација за декември 2005 година и најновите макроекономски движења на почетокот на 2006 годиа. Констатирано е дека месечната стапка на инфлација во јануари 2006 година изнесува 1,7% и е детерминирана од зголемувањето на акцизата на цигарите, заради усогласување со Директивите на ЕУ. Истовремено стапката на пораст на вкупните депозити изнесува 18,1% на годишна основа, укажувајќи на натамошен пораст на штедењето и зајакната доверба во банкарскиот сектор. Во такви услови продолжи динамичната кредитна активност на банките, при што во јануари 2006 година вкупните пласмани на банките кај приватниот сектор остварија годишен пораст од 20,4%. Каматната стапка на аукциите на благајничките записи на НБРМ и натаму се одржува на нивото од околу 7%.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}