Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница на која разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 28.01.2010 година
Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница на која разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот ја укина есконтната стапка којашто во досегашниот период претставуваше основа за пресметување на законската казнена камата во Република Македонија. Според Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи од декември 2009 година, од февруари 2010 година ќе започне ефективното пресметување на казнената камата врз основа на референтната стапка којашто Народната банка ја објави на својата интернет-страница.
Советот на Народната банка донесе и Одлука за начинот на формирање и објавување на курсевите на Народната банка на Република Македонија. Според Одлуката, средниот курс ќе се формира врз основа на котираните куповни и продажни курсеви за евра во денари меѓу банките поддржувачи на девизниот пазар. Оваа методолошка промена е резултат на развојот на девизниот пазар и на мерките од регулаторен и технички аспект, кои ги презеде Народната банка од 2005 година наваму, преку воспоставувањето на информативниот систем за електронско тргување со девизи помеѓу банките, а потоа и со воведувањето на банките поддржувачи на девизниот пазар. Основните придобивки од развојот на девизниот пазар - зголемената ликвидност, зајакнувањето на конкуренцијата и заживувањето на меѓубанкарското тргување, овозможија пазарно урамнотежување на понудата и побарувачката на девизи, стабилизирање на девизните курсеви и намалување на маргините помеѓу куповните и продажните курсеви. Притоа, Курсната листа на Народната банка ќе содржи само среден курс за утврдени валути, што е во согласност и со неговата примена, за книговодствено искажување на побарувањата и обврските изразени во странски платежни средства, за потребите на платниот биланс, како и за утврдување на царинската вредност при царинењето на увозот.
Советот расправаше и за други прашања од својата надлежност.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}