Скопје, 27.09.2002 година
Соопштение на НБРМ
Денес, 27.09.2002 година, во Вашингтон, САД, делегацијата на Република Македонија предводена од гувернерот Љубе Трпески, оствари средби со директорот на Светската банка за Република Македонија, г-дин Кристијан Портман, како и со директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, г-дин Деплер и шефот на Мисијата на ММФ за Република Македонија, г-дин Розвадовски.
На средбите гувернерот Трпески го запозна раководството на ММФ и Светска банка со актуелната макроекономска состојба и статусот на реформите во Република Македонија. Директорите на ММФ и Светска банка изразија задоволство што во услови на зголемена потрошувачка Централната банка успеа да ја задржи стабилноста на цените и девизниот курс на денарот. Истовремено, гувернерот Трпески ја нагласи неопходноста од брзо склучување аранжман со ММФ што ќе овозможи повлекување средства од кредитните аранжмани со Светска банка и ослободување на финансиската помош од останатите донатори ветена на Донаторската конференција оваа година во Брисел. Гувернерот Трпески истакна дека овие средства се неопходни за забрзување на економскиот раст и сочувување на макроекономската стабилност во Република Македонија.
Директорот на ММФ за Европа и шефот на Мисијата на ММФ за Република Македонија истакнаа готовност за обновување на разговорите за нов аранжман, веднаш по конституирањето на новата влада. Исто така, директорот на Светска банка за Република Македонија, г-дин Портман најави посета на Република Македонија до крајот на годината на која ќе се разговара за можноста за повлекување на средства од ФЕСАЛ аранжманот за реформа на претпријатијата и кредит за реформа на јавната администрација.
Гувернерот Трпески и г-дин Портман разговараа и за новите реформски проекти за следната година. Притоа беше договорено овие проекти, како и следната тригодишна стратегија на Светска банка за Република Македонија да бидат клучен предмет за разговор при неговата посета на Република Македонија.
Вашингтон, 27.09.2002 год.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}