Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија одржа седница на која разгледа и усвои неколку информации и одлуки од доменот на нејзиното работење
Скопје, 27.01.2005 година
Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија одржа седница на која разгледа и усвои неколку информации и одлуки од доменот на нејзиното работење.
Советот на Народна банка на Република Македонија усвои програма со мерки за унапредување на финансискиот систем на Република Македонија. Мерките предвидуваат донесување нови или менување постојни законски и подзаконски акти и други активности со кои ќе се зголеми позитивното влијание на финансискиот систем врз економскиот развој на Република Македонија. Мерките се насочени пред се кон натамошно зголемување на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем, зголемување на неговата ефикасност во финансиската интермедијација во земјата, унапредување на основите за планирање и имплементирање на монетарната политика, како и зголемување на институционалниот капацитет на Народна банка на Република Македонија. Програмата со мерки за унапредување на финансискиот систем е истовремено платформа на ставови на Ценралната банка за остварување на структурните промени во финансискиот систем на земјата.
Народна банка на Република Македонија, во согласност со усвоената Програма за работа за 2005 година и своите надлежности, веќе работи на практична имплементација на голем дел од овие мерки во насока на доизградба и унапредување на финансискиот систем, со крајна цел, зголемување на економскиот раст и развој на Република Македонија.
Советот на Народна банка со цел поефикасно утврдување и спроведување на монетарната политика, на денешната седница формира Комитет за оперативна монетарна политика, како постојано работно тело. Комитетот, со кој ќе претседава гувернерот, врз основа на неделните движења и проекции за кредитната активност и ликвидност на банките, ќе одлучува и презема мерки неопходни за регулирање на количината пари во оптек и успешно остварување на целите на утврдената монетарна политика. Комитетот месечно ќе ги разгледува и остварените макроекономски движења и ефектите од спроведувањето на монетарната политика, врз основа на кои ќе доставува предлози до Советот на Народна банка за промена во инструментите на монетарната политика како и подзаконските прописи и други акти од монетарната област. Покрај гувернерот, членови на Комитетот се и вицегувернерите, директорите на дирекциите надлежни за оперативно спроведување на монетарната политика, за анализи и истражувања, супервизија на банкарскиот систем, како и други стручни и компетентни лица од Народна банка. Комитетот по потреба за одделни прашања ќе вклучува и надворешни експерти.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}