Скопје, 26.07.2001 година
Соопштение на НБРМ
Дирекцијата за супервизија при Народна банка на Република Македонија, ја известува јавноста дека со Решение на гувернерот на Народна банка на Република Македонија, бр. 02-14/151-2001 од 12.03.2001 година, издадена е привремена дозвола за основање и работење на ЕУРОСВИСС Банка АД Скопје.
Основачите на банката во основање-Gofi Group of Finance and Investments SA Melide, Eastern Hemisphere Holding SA Melide и DOROTRADE SA Melide, на 24.07.2001 година, го уплатија износот од 9.000.000,00 ЕВРА, потребен за добивање дозвола од Народна Банка на Република Македонија, за работа и во домашниот и во меѓународниот платен промет.
Средствата се уплатени на посебна сметка кај Народна банка на Република Македонија и ќе бидат префрлени на Банката, по добивањето на конечната дозвола за основање и работење.
Во тек е постапката за издавање конечна дозвола за основање и работење на Банката, врз основа на оценка на усогласеноста со останатите услови содржани во привремената дозвола, односно изнајмување или купување на деловен простор и опрема за работа и воспоставување на оперативен систем, вклучувајќи внатрешна контрола и ревизија, како и изработка на пишани политики и процедури за работење на Банката.
Очекуваме дека со основањето и работењето и на оваа банка, ќе се зголеми конкуренцијата во банкарскиот систем на Република Македонија и ќе се збогати понудата на банкарски услуги.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}