Скопје, 26.05.2008 година
Соопштение на НБРМ
Од 23-24.05.2008 година, во Тирана беше организирана 19-тата средба на Клубот на гувернерите на централните банки од централна Азија, Црноморскиот регион и Балканот. На средбата присуствуваа гувернери од 14 држави. На оваа средба беа разгледани најновите глобални макроекономски движења и последиците од кризата на меѓународните финансиски пазари. Беше констатирано дека по сериозните турбуленции на пазарот на кредити и структурни производи, е зголемен капацитетот на банките во светот за препознавање и мерење на кредитниот ризик. Сепак, овој ризик со кој се соочија банките, сe повеќе го отстапува местото на ликвидносниот ризик. Имено, во услови на ликвидносни тензии на финансиските пазари, голем предизвик за централните банки е обезбедувањето на поголема ефикасност во спроведувањето на монетарната политика и заштита од макроекономските ризици и ризиците врз финансиската стабилност. Исто така, беше истакната потребата од поголема соработка меѓу централните банки и супервизорските органи на меѓународно ниво, особено во доменот на управувањето со можни кризни ситуации.
На оваа средба, гувернерите, исто така, се осврнаа и на најновите макроекономски движења во нивните земји, како и на позначајните активности на нивните централни банки,
Во рамките на оваа средба, заради зајакнување на соработката при спроведувањето на супервизорската и регулаторната функција, беше потпишан билатерален Меморандум за разбирање меѓу Народната банка на Република Македонија и Народната банка на Србија. Со овој меморандум подетално се регулира соработката и размената на информации, особено во доменот на лиценцирањето, можноста за вршењето на заеднички супервизорски контроли, позначајни промени на регулативната рамка и др. Досега, вакви меморандуми за разбирање Народната банка на Република Македонија има потпишано со централните банки на Словенија, Русија, Бугарија, Албанија, Грција и Црна Гора, а во тек се подготовки за потпишување и со централни банки од други држави.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}