IX-та Седница на Советот на Народна банка на Република Македонија
Скопје, 25.11.2004 година
Соопштение на НБРМ
IX-та Седница на Советот на Народна банка на Република Македонија
Денес, Советот на Народна банка на Република Македонија одржа седница на која разгледа неколку извештаи и одлуки од монетарната и супервизорската област, и од тековното работење на Народна банка. Притоа, Советот ја разгледа и усвои Одлуката за целите на монетарната политика за 2005 година и Проекцијата на монетарната политика за 2005 година.
Според Одлуката за целите на монетарната политика за 2005 година основна цел на монетарната политика на Народна банка во наредната година е одржување на стабилноста на цените. Притоа, проектираната стапка на инфлација за 2005 година изнесува 1,5%. Основната цел Народна банка ќе ја остварува преку одржување на стабилен номинален девизен курс на денарот во однос на еврото. Битна детерминанта на монетарната политика ќе претставува одржувањето на адекватно ниво на бруто девизни резерви. Врз основа на претпоставките за реалниот пораст на бруто домашниот производ, проектираните движења во фискалната свера и во билансот на плаќања, се очекува годишна стапка на пораст на паричната маса М2-денарски дел од 15,6% и пораст на вкупните кредити одобрени на приватниот сектор од 12,8%. Со монетарната политика за 2005 година, НБРМ ќе ја поддржува макроекономската политика на Република Македонија, без притоа да се загрозува остварувањето на основната цел на монетарната политика.
Во функција на поттикнување на развојот на финансиските пазари во Република Македонија, Советот на Народна банка донесе Одлука според која банките овластени за работа со странство и посреднички работи со преносливи хартии од вредност во рок од една година ќе треба да обезбедат електронски системи за вршење платен промет со странство, за порамнување на финансиските трансакции и за пристап до информациите за финансиските пазари во Република Македонија и во странство (Ројтерс, Блумберг, Тенфор, СВИФТ). Исто така, банките ќе треба да имаат девизни дилери со положен стручен испит и стекнат соодветен цертификат. Со усвоените измени ќе се создадат услови за воспоставување централизиран систем на податоци за работата на девизниот пазар и пазарот на пари, и за тргувањето на секундарниот пазар на краткорочни хартии од вредност во Република Македонија. Со тоа ќе се подобри информираноста на економските субјекти кои учествуваат во работата на финансиските пазари.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}