Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница на која разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Скопје, 25.09.2008 година
Соопштение на НБРМ
Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа седница на која разгледа повеќе прашања од својот домен на работење.
Советот го разгледа и го усвои Извештајот за управувањето и ракувањето со девизните резерви во првото полугодие од 2008 година. Притоа, Советот утврди дека во првата половина од 2008 година, девизните резерви на Република Македонија остварија пораст од 19 милиони евра и на крајот на полугодието изнесуваа 1.543,4 милиони евра. Од почетокот на годината, доминантни инструменти во кои се пласирани девизните резерви се должничките хартии од вредност (записи и обврзници) издадени од владите и владините организации од земјите на еврозоната и САД, должничките хартии од вредност на меѓународните финансиски институции, како и други инструменти со фиксен принос. Пласирањето на девизните резерви во висококвалитетни хартии од вредност овозможи намалување на изложеноста кон кредитниот ризик, без намалување на профитабилноста на пласманите. Доминантното учество на еврото во валутната структура придонесе за инвестирање на најголемиот дел од девизните резерви во земјите од еврозоната, при што беа почитувани критериумите на кредитна изложеност. Врз основа на управувањето со девизните резерви во првото полугодие од 2008 година, беа остварени приходи во износ од 24,1 милиони евра.
На денешната седница, Советот на НБРМ беше информиран за најновите макроекономски движења. Годишниот раст на цените во август изнесува 8,6%, што претставува значително забавување во однос на претходниот месец (9,5%) и главно ја одразува повисоката споредбена основа (имајќи предвид дека посилниот раст на цените на исхраната започна во август 2007 година), при што мало забавување забележа и базичната инфлација. Во услови на намалување на општото ценовно ниво на месечна основа (во јули и август) и забавување на нивниот годишен раст, намалување забележа и просечната стапка на инфлација, којашто во периодот јануари - август изнесуваше 9,5%. Како главен ризик во поглед на инфлацијата останува неизвесноста во однос на натамошното движење на цените на нафтата и храната на светските берзи, како и домашните цени на електричната енергија. Со состојба на 12.09.2008 година, бруто девизните резерви изнесуваа 1.628,1 милион евра и во однос на крајот на 2007 година тие се повисоки за 96,7 милиони евра. Ваквите движења се одраз на поволните текови во капитално-финансиската сметка од платниот биланс, во услови на значително влошување на дефицитот на тековната сметка, којшто во првата половина од 2008 година достигна 408 милиони евра, наспроти суфицитот од 92 милиони евра во истиот период од минатата година. Во август 2008 година, во споредба со истиот месец од претходната година, најшироката парична маса М4 е повисока за 22,2%, а вкупните пласмани на банките кај приватниот сектор се повисоки за 39,9%.
Советот на денешната седница го усвои и Извештајот за работењето на Внатрешната ревизија во првото полугодие на 2008 година. Притоа, Советот утврди дека Програмата за работа на внатрешната ревизија е во целост остварена во првото полугодие на 2008 година.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}