Скопје, 25.08.2009 година
Соопштение на НБРМ
Врз основа на поднесеното барање од Собирот на содружници на „Штедилница Инко" ДОО Скопје, на 24.08.2009 година, гувернерот на Народната банка на Република Македонија издаде претходна согласност за престанување со работа на Штедилницата.
Истовремено, укината е дозволата за основање на Штедилницата и утврдено е дека се исполнети условите за спроведување ликвидациска постапка.
Врз основа на член 170 од Законот за банките, Народната банка го достави Решението заедно со Предлог за отворање ликвидациска постапка на Штедилницата, до надлежниот суд. Согласно со член 157 од Законот за банките, судот донесува решение во врска со предлогот за отворање ликвидациска постапка на штедилница, најдоцна во рок од три работни дена од приемот на предлогот.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}