Скопје, 24.11.2006 година
Соопштение на НБРМ
Почнувајќи од 2007 година, Народна банка ќе изготвува и објавува Извештај за финансиската стабилност на Република Македонија. Анализата на финансиската стабилност претставува релативно нова функција на современите централни банки, пред сe од земјите членки на Европската унија. Следејќи го примерот, Народна банка ја воведе оваа активност преку формирање посебен организационен дел кој врши анализа и оценка на финансиската стабилност на Република Македонија.
Оценката и следењето на финансиската стабилност на земјата претставува комплексна активност која, меѓу другото, опфаќа: макропрудентна анализа, чија цел е оценка на влијанието на макроекономските и другите институционални фактори врз стабилноста на финансискиот систем; анализа на движењата и перформансите на секторот нефинансиски институции (население и претпријатија) и нивното влијание врз стабилноста на финансискиот систем; анализа на големината, структурата и перформансите на финансискиот систем, како и анализа на финансиската инфраструктура на земјата, која меѓу другото вклучува регулаторни и супервизорски режими, правна рамка на финансискиот систем и др.
Анализата на финансиската стабилност претпоставува располагање на широк спектар на податоци за перформансите и функционирањето на одделните сегменти на финансискиот систем. Оттука, Народна банка иницира формирање на меѓуинституционално тело за финансиска стабилност во кое би членувале претставници од соодветните инситуции во земјата, надлежни за регулирање и супервизија на банкарскиот сектор, секторот осигурување, пазарот на капитал, пензиските фондови и на давателите на лизинг услуги.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}