Скопје, 24.01.2006 година
Соопштение на НБРМ
На 23 и 24 јануари 2006 година гувернерот на Народна банка на Република Македонија Петар Гошев оствари посета на Израел. Во текот на првиот ден тој во Ерусалим имаше средба со гувернерот на Централната банка на Израел Стенли Фишер, на која беа разгледани важни апекти на водењето на монетарната политика. Истовремено, останатите членови на делегацијата и соодветните претставници на Централната банка на Израел дискутираа за актуелни прашања од областа на економските истражувања и инструментите на монетарната политика.
Во текот на вториот ден, гувернерот Гошев имаше посета на берзата и средби со претставници на бизнис заедницата во Тел Авив. Притоа, во организација на Израелскиот Институт за извоз, гувернерот Гошев ќе изврши презентација за состојбата во македонската економија и можностите за инвестирање пред повеќе од 20 претставници на компании заинтересирани за деловна соработка со партнери од Република Македонија.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}