Скопје, 23.09.2002 година
Соопштение на НБРМ
По повод изјавата на Г-динот Јани Макрадули, портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, дадена на конференцијата за печат, одржана на 20.09.2002 година, со која го повикува раководството на Народна банка на Република Македонија на лојалност кон државата, раководството на НБРМ изјавува дека лојалноста кон државата ја докажувало секој ден во изминатите четири години, кога имало безброј случаи предизвикани од надворешни или внатрешни фактори за појава на хиперинфлација и за системска банкарска криза. Фактот што сите овие години имавме ценовна стабилност и што Република Македонија е една од ретките земји во транзиција што избегна системска банкарска криза е најкрупен доказ за лојалноста на раководството на Народна банка на Република Македонија кон државата.
Лојалноста кон државата раководството на НБРМ ја покажа и за време на предизборната кампања, кога партиите од позицијата, но и некои партии од опозицијата, потрошија огромни суми пари, а сепак Народна банка успеа да ја одржи стабилноста на цените и на курсот на денарот.
Во име на раководството на НБРМ
Љубе Трпески - Гувернер
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}