Скопје, 22.10.2003 година
Соопштение на НБРМ
Намалена каматната стапка на благајничките записи на Народна банка на Република Македонија.
Почнувајќи од денес, 22.10.2003 година, Народна банка ја промени техниката за спроведување на аукциите на благајнички записи, како еден од главните инструменти за регулирање на паричната маса и премина од фиксна камата на благајничките записи кон тендер со променливи каматни стапки, при што Народна банка на Република Македонија ја одредува само максималната каматна стапка, која изнесува 7%.
Притоа, резултатите на таа промена дојдоа уште на првата аукција, која што се одржа денеска, на која се постигна каматна стапка (пондерирана) од 6,57%. Притоа, минималната каматна стапка изнесуваше 6,00%, а највисоката прифатена каматна стапка во рамките на понудениот износ за продажба на благајнички записи, изнесуваше 6,87%.
Пазарното формирање на каматните стапки од страна на банките на аукциите на благајнички записи е резултат на поволните движења на девизниот пазар, стабилното движење на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како и рестриктивната фискална политика. Овие макроекономски предуслови создаваат простор за спроведување на порелаксирана монетарна политика и реализирање на заложбите на Народна банка за намалување на каматните стапки во банкарскиот систем, како еден од предусловите за подинамичен стопански раст.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}