Скопје, 21.05.2001 година
Соопштение на НБРМ
На 21.05.2001 година, Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата LXXXVIII-а седница, на која се донесени неколку Одлуки од доменот на монетарната политика со цел преку нивната имплементација да се постигне стабилизирање на движењата на девизниот пазар и одржувањето на девизниот курс на денарот како номинална котва во македонската економија. Имено, Советот на НБРМ ги зголеми стапките на издвојување на задолжителната резерва на банките кај Народна банка за 0,5 процентни поени, односно стапката на депозитите по видување и орочените до 3 месеци се зголемува од 8% на 8,5%, а стапката на депозитите орочени над 3 месеци се зголемува од 3,5% на 4%. Истовремено, Советот на НБРМ ја зголеми стапката на надоместот кој НБРМ го плаќа на банките за средствата издвоени во задолжителната резерва кај Народна банка од 80% на 89% од есконтната стапка. Исто така, Советот на НБРМ ја зголеми каматната стапка на ломбардните кредити за 1,5 процентни поени, односно од 17,5% на 19%.
Советот на Народна банка на Република Македонија донесе неколку Одлуки во врска со реформата на платниот систем во Република Македонија, кои произлегуваат од Законот за платен промет како обврска на Народна банка на Република Македонија и тоа: Одлука за утврдување на критериумите за издавање на дозвола на банките кои можат да вршат платен промет во земјата, Одлука за стандардите за отворање на сметка во банките и Одлука за висината на мало меѓубанкарско работење. Со тоа се исполнети обврските на Народна банка на Република Македонија од областа на регулативата на платниот систем во земјата. Истовремено, членовите на Советот беа информирани дека Системот за порамнување на Народна банка на Република Македонија, кој ќе се нарекува МИПС (Македонски Меѓубанкарски Платен Систем), е подготвен од страна на Народна банка на Република Македонија и се извршува тестирање на приклучоците на банките кое треба да заврши до крајот на овој месец.
На крајот на седницата, Претседателот на Советот на Народна банка на Република Македонија, гувернерот, Љубе Трпески ги информираше членовите на Советот на НБРМ за текот на преговорите што се водат во Виена, Австрија, околу наследството на имотот на поранешна СФРЈ.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}