Скопје, 19.10.2000 година
Соопштение на НБРМ
Согласно определбата за отпочнување на активности за поголема либерализација во работењето на банките и нивно приспособување кон пазарните услови, Народна банка на Република Македонија превзема повеќе активности во текот на 2000-та година во областа на девизното работење на банките.
Така, согласно препораките на меѓународните финансиски институции, Народна банка на Република Македонија донесе ново Упатство за пресеметка на девизната позиција на банките. Со новиот начин на пресметка на банките им се создава можност за дополнително пласирање на средства во стопанството и кај населението за приближно 2,8 милијарди денари. Воедно, се создаваат и услови банките самостојно да превземаат активности со цел да ја зголемат атрактивноста за штедење и депонирање на средства како од правните лица, така и од физичките лица (граѓаните).
Инаку, досега во насока на поголема либерализација на девизното работење на банките, Советот на Народна банка на Република Македонија на својата 82 седница донесе одлука, со која наместо 90 дена, правните лица сега можат девизниот прилив остварен од наплата на извозот да го држат 180 дена, како депозит кај овластените домашни банки за работа со странство.
Исто така, во Народна банка на Република Македонија во тек се активности кои ќе резултираат со целосна реорганизација на девизниот пазар и на девизното работење, во насока на поголема либерализација на располагањето со девизи и либерализација на финансиските трансакции. Во соработка со Министерството за финансии се планира изработување и донесување на нов Закон за девизно работење.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}