Скопје, 18.06.2007 година
Соопштение на НБРМ
По покана на гувернерот Марио Драги, гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-н Петар Гошев денес ќе оствари средба со првиот човек на Централната банка на Италија. Соработката со Централната банка на Италија е особено важна, бидејќи Италија е еден од основачите на Европската Унија и со тоа нејзин исклучително влијателен член. Соработката е важна и поради тоа што Италија е меѓу петте најзначајни трговски партнери на Република Македонија, со вкупна годишна трговска размена меѓу двете земји од околу 400 милиони евра, како и поради растечкиот интерес и присутност на италијанските инвеститори во Република Македонија.
На средбата се разговара за Меморандум за соработка во областа на супервизијата на банките, вклучително и за размената на информации и други видови на соработка на супервизорските органи. Се разгледуваат и можностите за добивање на техничка помош од Централната банка на Италија во областа на финансиската статистика, централно-банкарските операции, платните системи и банкарската регулатива. На средбата ќе биде покренато и прашањето за евентуално организирање на Регионална конференција во организација на двете централни банки во областа на финансиската стабилност. Ќе се разговара и за охрабрување на влезот на потенцијалните италијански инвеститори во банкарскиот систем на Република Македонија.
Кабинет на гувернер
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}