Скопје, 16.06.2004 година
Соопштение на НБРМ
Гувернерот на Народна банка на Република Македонија, г-н Петар Гошев, денес донесе одлука за формирање на Стручен совет составен од надворешни соработници кои заедно со експертите вработени во Народна банка ќе работат на подготвувањето на експертски анализи и стручни мислења од областа на монетарната политика.
Составот на овој Совет го сочинуваат:
1. Д-р Иван Рибникар, професор на Економскиот факултет во Љубљана, познат експерт од областа на монетарниот систем, монетарната политика, банкарството, меѓународните монетарни и финансиски прашања и деловните финансии;
2. М-р Велимир Боле, од Економскиот институт во Љубљана, познат експерт-аналитичар од областа на економетријата, монетарната и фискалната политика;
3. Академик Таки Фити, професор на Економскиот факултет во Скопје, со долгогодишен научен ангажман во областа на современите макроекономски концепции и политики како и основите на економијата и претприемништвото;
4. Д-р Владимир Кандикјан, професор на Правниот факултет во Скопје, со долгогодишен научен ангажман во областа на финансиите;
5. Д-р Гоце Петревски, професор на Економскиот факултет во Скопје, експерт од областа на економскиот развој, економскиот раст, инвестициите, меѓународната економија и економската анализа;
6. Д-р Владимир Филиповски, доцент на Економскиот факултет во Скопје, експерт од областа на пазарот на капитал, хартии од вредност и портфолио менаџмент, организација и техника на берзанско работење и банкарски менаџмент.
Од септември 2004 година во Стручниот совет ќе бидат вклучени уште неколку експерти.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}