Скопје, 16.05.2003 година
Соопштение на НБРМ
Годишното собрание на Холандската Конституенца при Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската банка која покрај Холандија ја сочинуваат и Македонија Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грузија, Израел, Молдова, Романија и Украина, оваа година ќе биде организирано во Република Македонија на 17 и 18 мај, 2003 година. На овој состанок ќе се сретнат гувернерите во Светска банка и ММФ од споменатите земји. На состанокот ќе присуствуваат и Г-дин Shigeo Katsu, потпретседател во Светска банка и Г-дин Van Sundararajan, заменик директор во ММФ за монетарни прашања. Годишното собрание на Холандската Конституенца ќе го поздрави Претседателот на Владата на Република Македонија, Г-дин Бранко Црвенковски.
Средбите на Конституенцата претставуваат форум на кој се разменуваат мислењата помеѓу овие дванаесет земји во однос на политиките и програмите на Светска Банка и ММФ - генерално и билатерално со секоја од земјите; можност за разгледување на адекватноста на помошта која ја пружа Извршниот директор во реализирањето на потребите на секоја од земјите и за предлагање на начини за нејзино понатамошно подобрување; отворена дискусија за препораките на Комитетот за развој презентирани во текот на Пролетното собрание; можност за организирање на билатерални средби во понеформална атмосфера, доколку за тоа постои потреба. Исто така, средбата на Конституенцата секогаш претставува можност за запознавање со секоја од земјите во нашата Конституенца, нејзината економија и култура.
Кабинет на гувернерот
Кабинет на министерот за финансии
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}