Скопје, 16.04.2005 год.
Соопштение на НБРМ
Денес, 16.04.2005 година, во рамки на пролетните средби на ММФ и Светската банка што се одржуваат во Вашингтон, македонската делегација соствена од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, предводена од гувернерот Петар Гошев и државниот секретар Мелаим Адеми, ќе оствари средби со г-дин Велинк, гувернер на холандската централна банка, г-дин Шигео Кацу, потпретседател во Светската банка за Европа и Централна Азија, г-дин Ад Мелкерт, извршен директор во Светската банка, г-ѓа Орсалија Каланцопулос, директор во Светската банка за Република Македонија и г-дин Асад Џабр, извршен потпреседател во ИФЦ.
Во текот на вчерашниот ден, покрај учеството во работата на холандската конституенца на ММФ и Светската банка, македонската делегација оствари и средби со г-дин Деплер, директор во ММФ за Европа и г-ѓа Шадлер, заменик директор во ММФ за Европа, г-дин Јероен Кремерс, извршен директор во ММФ и г-дин Франек Розвадовски, шеф на мисијата на ММФ за Македонија
Теми на разговор на средбата со господинот Деплер и госпоѓата Шадлер беа содржината на претстојниот повеќегодишен реформски аранжман со ММФ и причините за ниските стапки на економски раст на Република Македонија во услови на повеќегодишна макроекономска стабилност. Притоа, господинот Деплер истакна дека структурните реформи претставуваат основен предуслов за поттикнување на економскиот раст во Република Македонија и ја изрази подготвеноста на ММФ за поддршка на истите со нов аранжман.
Господинот Кремерс, при средбата со македонската делегација, ја истакна својата спремност и максималните заложби за поддршка на Република Македонија за поскоро склучување на новиот аранжман со ММФ.
На состанокот со г-динот Розвадовски беше разговарано за напредокот во подготовките поврзани со заокружувањето на преговорите и постигнувањето меѓусебна согласност за новиот аранжман на Република Македонија со ММФ.
Kабинет на гувернерот