Усвоена Проекцијата на монетарната политика за 1999 година
Советот на Народна банка на Република Македонија на својата 69-та седница одржана на 16.03.1999 година ја разгледа и усвои проекцијата на монетарната политика за 1999 година и Одлуката за целите и задачите на монетарната политика за 1999 година, и ги достави до Владата на Република Македонија за понатамошна процедура.
Во рамките на општата ориентација на макроекономската политика во 1999 година за поинтензивно заживување на стопанската активност, приоритетна цел на монетарната политика ќе претставува сочувувањето на стабилноста на интерната и екстерната вредност на денарот. На тој начин, монетарната политика ќе обезбеди најповолен макроекономски амбиент за поддржување на економскиот раст, кој се очекува да произлезе од интензивирањето на процесот на структурни реформи. Динамизирањето на економскиот раст ќе биде поткрепено со очекуваниот прилив на странски директни инвестиции и приливот на средства за финансирање на профитабилни проекти преку Банката за поддршка на развојот.
Основна цел на монетарната политика во 1999 година ќе биде одржување на ниска и стабилна стапка на инфлација преку одржување на стабилен девизен курс на денарот во однос на германската марка. Стапката на инфлација на годишно ниво (декември 1999 спрема декември 1998) нема да биде повисока од 3%.
За остварување на основната цел на монетарната политика, согласно проценетата побарувачка за пари и нивото на економска активност, со инструментите на монетарната политика ќе се обезбеди зголемувањето на паричната маса М2 - денарски дел во 1999 година да изнесува до 11,4%. Тоа ќе овозможи нормално извршување на стоковно-паричните трансакции, а притоа монетарната политика да не стане извор на нарушување на стабилноста на цените. Воедно, вкупните кредити одобрени од страна на банките на економските субјекти во 1999 година ќе може да се зголемат за 3,8 милјарди денари, односно за 11,8%.
Врз основа на проекцијата на движењата во платниот биланс, се проценува дека во текот на 1999 година монетарната политика ќе се остварува во услови на поголема понуда од побарувачката за девизи на девизниот пазар во износ од околу 53 милиони САД долари. За да се задржи стабилноста на девизниот курс, Народна банка на Република Македонија ќе интервенира на пазарот со откуп на понудениот вишок на девизи над побарувачката, што ќе овозможи девизните резерви на Централната банка да се зголемат и да достигнат еквивалент од 2,4 месечни плаќања за увоз. Предвидениот откуп на девизи од девизниот пазар во 1999 година ќе биде поддржан со пренос на депозити на државата кај Централната банка во износ од 1.850 милиони денари.
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}