Скопје, 15.06.2001 година
Соопштение на НБРМ
Народна банка на Република Македонија денеска, донесе Одлука со која каматната стапка на ломбардните кредити се зголемува од 19% на 23% и каматната стапка на благајничките записи со рок на доспевање од 28 дена од 15% на 20%, на годишно ниво.
Народна банка на Република Македонија врши продажба на краткорочни хартии од вредност - благајнички записи. Благајничките записи се во дематеријализирана форма, се продаваат со дисконт и со рок на доспевање од:
3 дена со камата од 13%;
7 дена со камата од 14%;
14 дена со камата од 14%;
и 28 дена со камата од 20% на годишно ниво.
Илустративно:
Номинален износ |
Рок |
Каматна стапка |
Дисконтен износ (износ кој се уплаќа при купување на благајничкиот запис) |
Камата која се добива при доспевање на благајничкиот запис (разлика помеѓу номиналниот и дисконтираниот износ) |
1 |
2 |
3 |
4 |
5=1-4 |
1.000.000,00 |
3 |
13% |
998.996,00 |
1.004,00 |
1.000.000,00 |
7 |
14% |
997.490,00 |
2.510,00 |
1.000.000,00 |
14 |
14% |
994.987,00 |
5.013,00 |
1.000.000,00 |
28 |
20% |
986.111,00 |
13.889,00 |
Износот на благајнички записи кој Народна банка на Република Македонија го нуди за продажба е ограничен и е во согласност со целите на монетарната политика. При поголема побарувачка за благајнички записи, Народна банка на Република Македонија го применува принципот на сразмерна распределба.
Продажбата на благајнички записи на заинтересираните лица се врши преку банки, кои во свое име, а за сметка на трети лица учествуваат на примарниот пазар на Народна банка на Република Македонија.
Минималниот износ на благајнички записи кој банките можат да го купат кај Народна банка на Република Македонија изнесува 1.000.000,00 денари.
Сите заинтересирани за купување на благајнички записи за подетални информации можат да се јават во комерцијалните банки или во Народна банка на Република Македонија на следните телефони: 108-283 и 108-401.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}