Денес Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата 6-та седница на која разгледа и усвои повеќе одлуки од доменот на монетарната политика.
Скопје, 13.07.2004 година
Соопштение на НБРМ
Денес Советот на Народна банка на Република Македонија ја одржа својата 6-та седница на која разгледа и усвои повеќе одлуки од доменот на монетарната политика.
Помеѓу другите, Советот на Народна банка донесе одлука за намалување на каматната стапка на ломбардниот кредит од 14% на 11% и за зголемување на процентот на дозволеното дневно користење на задолжителната резерва од 60% на 80% од страна на банките. Двете одлуки се во функција на создавање услови за подобро управување со ликвидноста од страна на банките што треба да придонесе за поуспешно инвестирање.
Гувернерот на Народна банка ги извести членовите на Советот дека во рамките на пакетот мерки кои се преземаат за подобро управување со ликвидноста од страна на банките, покрај Одлуките кои ги донесе Советот на оваа седница, ќе се извршат промени во оперативното работење на Народна банка кои се во директна надлежност на гувернерот, како што се намалување на фрекфентноста на аукциите на благајнички записи, зголемување на износот со кој Народна банка се јавува на девизниот пазар од 15 000 ЕУР на 100 000 ЕУР, приближување на курсевите со кои Народна банка интервенира на пазарот до девизните курсеви на банките, воспоставување на електронски информативен систем на девизниот пазар, како и други оперативни мерки. Овие мерки покрај подобрувањето во управувањето со денарската и девизната ликвидност од страна на банките, треба да придонесат за зголемување на меѓубанкарското тргување на девизниот пазар, кое во сегашните услови е многу мало.
Советот на Народна банка на Република Македонија го усвои и Извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи на Народна банка на Република Македонија за 2003 година изготвен од страна на овластените ревизори Ernst & Young дооел, Скопје. Ревизорскиот извештај ќе биде објавен како составен дел на Годишниот извештај на Народна банка на интернет страницата на НБРМ.
Кабинет на гувернерот
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}