Скопје, 13.02.2003 година
Соопштение на НБРМ
Почнувајќи од 31.01.2003 година Народна банка на Република Македонија започна со нов начин на работење на девизниот пазар во Република Македонија, со цел да се зголеми ефикасноста и транспарентноста во функционирањето на девизниот пазар.
Како дел од активностите превзмени во оваа насока е објавување на информации за движењето на курсот на денарот на девизниот пазар, како и податоци за реализирани трансакции.
Јавните медиуми, сите заинтересирани субјекти, како и пошироката јавност почнувајќи од 31.01.2003 година на интернет-страницата на Народна банка на Република Македонија (www.nbrm.gov.mk), во Македонска верзија, на линкот Котации на девизен пазар можат без престанок 24 часа, во живо информативно да го следат движењето на курсот на денарот во однос на еврото кој во дадениот момент преовладува на девизниот пазар. На истата интернет-страница се објавуваат и курсевите по кои Народна банка на Република Македонија по кои интервенира кај комерцијалните банки. Објавените курсеви се ориентациони, не се задолжителни и се однесуваат само за учесниците на девизниот пазар во Република Македонија, но се корисен индикатор за насоката во која се движи курсот.
Исто така на линкот Девизен пазар на НБРМ кој се наоѓа на истата страна, можат да се добијат информации за реализараниот промет, како и други податоци за девизниот пазар.
Дирекција за девизни резерви и операции на девизен пазар
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}