Скопје, 13.01.2003 година
Соопштение на НБРМ
По повод преземените мерки од страна на Народна Банка на Република Македонија спрема Експорт-Импорт Банка а.д Скопје, во некои од медиумите беа објавени шпекулации во кои се споменуваат имиња и на некои други банки во Република Македонија. Дирекцијата за супервизија при Народна банка на Република Македонија ги замолува новинарите и главните и одговорни уредници на сите печатени и електронски медиуми да пристапат со крајна одговорност при споменување на имиња на банки, со оглед на фактот што банките своето работење во најголема мера го базираат на довербата на граѓаните и другите нивни комитенти. Секоја шпекулација која води кон губење на довербата кон одделна банка, ја влошува ситуацијата не само на таа банка, туку и на банкарскиот систем во целина. Во овој контекст треба да се истакне дека објавената информација на вестите на телевизија Телма на 10.01.2003 година за други две банки за кои наводно ќе се преземе иста мерка како и во случајот на Експорт Импорт банка а.д Скопје, претставува чиста шпекулација со која се нанесува голема штета не само на споменатите две банки туку ја загрозува и вкупната стабилност на банкарскот систем на Република Македонија.
Република Македонија е една од ретките земји во транзиција која во изминатите десет години успеа да избегне системска банкарска криза со сите последици што таа ги носи по граѓаните и вкупниот економски систем, иако посебно 2001-та година беше школски пример за да дојде до тоа.
Супервизијата на Народна банка на Република Македонија е подготвена на соработка со сите печатени и електронски медиуми и во овој контекст упатува апел до сите нив, пред да објават било кава информација за работењето на банките, да ја проверат нејзината точност. Ова со цел, Народна банка на Република Македонија и јавните медиуми, секој во рамките на својот делогруг на работа и одговорности, да придонесе и максимално да ги заштити интересите на штедачите, останатите доверители на банките, а со тоа да придонесе за одржување на стабилен и сигурен банкарски систем.
Со почит,
Дирекција за супервизија
Илија Граорковски
{{Title}}
{{Intro}}
{{{Content}}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}